Храбрата Албанија пружи отпор, но трите бода останаа кај европскиот шампион (ВИДЕО)

Актуелниот европски шампион Италија со тешка победа над Албанија од 2-1 ја стартуваше одбраната на титулата на Европското првенство кое што се игра во Германија. Албанците одиграа храбар меч против големиот фаворит, но на крајот немаа сила да успеат да стигнат до првата сензација на овој шампионат.

Фудбалерите на Албанија стигнаа до шокатно водство од 1-0 откако уште во 23. секунда Бајрами го матираше Донарума. Овој гол е и најбрз во историјата на Европските првенства.

Италијанците по почетниот шок брзо се вратија во игра и израмнија на 1-1 преку ѕвездата на Интер, Бастони во 11. минута.

Целосен пресврт направи уште еден фудбалер на Интер, Николо Барела (2-1) со својот погодок во 15. минута.

 

Најголемата шанса за големо изненадување Албанија имаше во 90. минута кога Реј Манај излезе еден на еден со Џиџо Донарума, но биеше непрецизно, па на крајот Италија некако стигна до триумф (2-1) и три бода на контото во групата Б.

Се вчитува...