Храбрата Словачка со водство на полувреме против очајната Англија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Словачка има водство на полувреме од 1-0 против Англија во осминафиналето на Европското првенство во Германија.

Словачка ја имаше првата шанса уште во 5. минута откако Стрелец шутираше, но неговиот удар заврши покрај голот на Пикфорд. Во истата минута своја шанса имаше и Ханко, но и тој беше непрецизен.

Во 12. минута Словачка имаше нова шанса, откако Хараслин успеа да стигне до противничкиот шеснаесетник, но неговиот удар беше блокиран. Добрата игра и доминацијата Словаците ја материјализираа со погодокот на Иван Шранц во 25. минута за 1-0.

Се вчитува...