Храбри момци Македонци: Галевски одбрани пенал, моќната Франција на колена

Македонската ракометна репрезетнација до 20 години настапот на Европското првенство кое се одржа во Словенија го заврши на 9. место откако во директната битка за оваа позиција славеше над Франција со 29-30 во драматична завршница во која херојот беше голманот Галевски кој одбрани пенал во последната секунда.

Почетокот на средбата беше целосно во знакот на „црвено-жолтите“ кои со одлична игра поведоа со 4-1, а откако Французите успеаја да изедначат на 4-4, следеше нов добар период за избраниците на Раде Стојановиќ. Македонија одигра разноврсно, а стекнатата предност овој пат не беше испуштена, напротив таа се зголеми на +5 (10-15) на полувремето.

Налетот на Французите на отварањето на второто полувреме во кое успеаја да намаат на 13-16 беше експресно сопрен од Македонците. Во ритам влегоа Узунчев и Калаџиевски, ним им се приклучи и Митев па нашата репрезентација умешно ја одржуваше предноста се до 53. минута кога мини сериите на Французите им донесоа изедначување од 25-25.

До крајот на средбата следеше игра „гол за гол“, а Македонија стигна до водство од 29-30 со голот на Субашевски на 19 секунди пред крајот. Последниот напад на средбата ја имаа Французите, но успеаја да реализираат.

Со по осум голови Митев и Субашевски беа лидери на Македонија, а нив го следеше Узунчев со пет голови. Четири додаде Калајџиески.

Со оваа победа се комплетира успешниот настап на македонската репрезентација на првенството во Словенија. Избраниците на Стојановиќ натпреварувањето го завршуваат со само еден пораз, четири победи и две ремиња.

Се вчитува...