Храбриот Jуве со фудбалер помалку стигна до продолженија, но на крајот доживеа елиминација од Галатасарај (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус иако успеаја да се вратат целосно во мечот, на крајот не успеаја да се пласираат во осминафиналето на Лигата на шампионите откако славеа само со 3-2 по продолженија против Галатасарај во реваншот од плеј-оф фазата.

По негативата од 5-2 од првиот меч Јувентус тргна храбро, но не успеа да поведе се до 37. минута кога Локатели од пенал донесе предност од 1-0. На стартот на второто полувреме голема глупост направи Кели кој доби директен црвен картон и ги остави соиграчите во големи проблеми. Сепак, и покрај играчката инфериорност „старата дама“ успеа прво преку Гати во 70. минута да зголеми на 2-0, а потоа со голот на Мекини да биде и 3-0 и натпреварот да го одведе во продолженија.

Во првото продолжение Галатасарај успеа да намали на 3-1 преку Осимен во 106. минута, додека конечните 3-2 ги постави Јилмаз во 119. минута.

 

Juventus 3-(1) Galatasaray – Osimhen 105+1'
byu/977x insoccer

Се вчитува...