Интер и Калјари ремизираа со 2-2 во 32. коло од италијанското првенство во натпревар во кој три гола беа постигнати во второто полувреме.
Натпреварот го отвори Маркус Турам со гол во петерецот на Калјари во 12. минута, предноста од 1-0 Интер ја задржа на полувремето. Шомуродов во 65. минута со одличен удар во шестнаестникот го совлада голманот Сомер, а само девет минути подоцна „нероаѕурите“ се вратија во предност преку Чалханоглу кој беше непогрешлив од белата точка. Конечните 2-2 ги постави Виола.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА