„Храбриот“ Карабах остана непоразен против Челси, Пафос до прва историска победа во ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на азербејџански Карабах (тим кој ја исфрли Шкендија од квалификациите во ЛШ) одигра уште еден неверојатен меч во елитата откако вечерва на домашен терен ремизираше против поранешниот европски шампион Челси 2-2.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Естевао во 16. минута. До крајот на првиот дел домашниот тим стигна до целосен пресврт 2-1 со погодоците на Леандро Андраде во 29. минута и Јанковиќ од пенал во 39. минута. Во вториот дел премиерлигашот спречи сензација израмнувајќи на 2-2 преку Гарначо во 53. минута.

Qarabag 2 – [2] Chelsea – Alejandro Garnacho 53'
byu/derawon insoccer

Кипарски Пафос стигна до прва историска победа во Лигата на шампионите откако славеше минимално на домашен терен против Вилјареал со 1-0. Победничкиот погодок го постигна Лукасен во 46. минута.

Pafos 1-0 Villarreal – Derrick Luckassen 46'
byu/4gjdtokurwa insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...