Храбриот Мексико во „аут“, „мизерната“ Полска во 1/8 финалето на СП (ВИДЕО)

Аргентина и Полска се двајцата патници во нокаут фазата од групата Ц на Светското првенство во Катар. Неверојатна вечер ни донесоа двата меча од овој сегмент, во кој на крајот за поминување во следната фаза „фортуната“ беше на страна на Полјаците.

Полска која одигра „лузерски“ меч против Аргентина на крајот поради подобра гол разлика се пласираше во осминафиналето, додека Мексико во групата го заврши настапот на Мундијалот во Катар.

Во првото полувреме кое заврши без голови (0-0), главниот судија на мечот Холанѓанецот, Дани Макеле го досуди најглупиот пенал во историјата на фудбалот, откако по еден контакт на голманот на Полјаците, Војчех Шчесни во лицето на Лионел Меси досуди пенал за Аргентина по прегледување на ВАР. Сепак, на крајот правдата победи и токму со истата рака Полјакот успеа да го одбрани пеналот на Лионел Меси.

Водство за Аргентина од 1-0 донесе Мекалистер во 46. минут, додека конечните 2-0 ги постави Алварез во 68. минута.

Откако прво преку Мартин во 48. минута поведоа со 0-1 и влегоа во игра за нокаут фазата, најубавиот момент на Мундијалот се случи четири минути подоцна. Неверојатниот Чавез во стилот на Жунињо Пернамбукано постигна неверојатен погодок од слободен удар за 0-2. Сепак, Саудиска Арабија во судиското надополнување постигна гол преку Ал Давсари за конечни 1-2. Доколку останеше 0-2 Мексико повторно ќе беше елиминиран поради поголем број на жолти картони (7), за разлика од (5) на Полска.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...