Храброст или лудост – Навивач на Фламенго на телото си истетовира дрес

Приврзаноста на навивачите кон својот клуб најчесто е неописива, а понекогаш знае да ги премине и во она „верувале или не“. Фанатичен навивач на Фламенго преку своето тело си го истетовира дресот на својот клуб, а снимката од целата акција ги „запали“ социјалните мрежи.

Маурицио дос Ањос од Санта Катарина е страстен навивач на бразилскиот великан. Толку посветен на клубот што реши преку горниот дел од своето тело засекогаш да го носи дресот на клубот од Рио де Женеиро!

Целиот процес на изработка на дресот на неговото тело траел околу една година и после 32 термини и 90 часа работа, тетоважата е завршена, а Ањос за цел живот на својата кожа ќе го носи дресот на Фламенго со број 10.

 

За некои потегот на навивачот е храброст, за други комплетна лудост.Но, Ањос ја оствари својата желба и стана славен, па доби честитки и од легендите на Фламенго, Зико и Андраде кои му подарија дресови за тетовираниот дрес.

Мојата тетоважа е заслужна што конечно запознав легенда каква што е Зико. Ме прегрна како татко и за момент очите ми беа полни со солзи, а срцето силно ми чукаше. Горд сум што те запознав“ – напиша Ањос на својот Инстаграм профил.

Се вчитува...