Храброто срце не беше доволно, пресуди искуството (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската кошаркарска репрезентација го забележа и четвртиот пораз во квалификациите за Светското првенство 2023 откако на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Грузија со 65-79. Крајниот резултат не е приказ на играта која ја прикажаа нашите репрезентативци, а има и за што да се жали кога ќе се земе предвид дека промашените зицери во клучни моменти го одредија текот на мечот.

Репрезентативците на денешниот натпревар дадоа се од себе и докажаа дека со полн состав има на што да се надеваме. А, пропустите во клучните моменти нека бидат лекција за во иднина.

 

Се вчитува...