Играчот од средниот ред Христијан Георгиевски, во иднина ќе настапува за Силекс. Кратовскиот тим денеска го промовираше овој играч кој од почетокот на годинава стана член на Славија Софија.
Во минатото овој играч настапуваше за Скопје, младинскиот тим на МТК Будимпешта, како и за младинците на Работнички.
Претходно Силекс се засили со Томислам Турчин, Никола Ристески, Халил Мухаремовиќ, Марко Ѓорѓиевски, Хамза Рамани, Стефан Милосављевиќ и Александар Катаниќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА