Младиот македонски репрезентативец Христијан Георгиевски својата кариера ќе ја продолжи во словенечкиот прволигаш Нафта.
21-годишниот фудбалер од средниот ред и официјално е промовиран во редовите на Нафта по разделбата со македонскиот шампион, Струга ТЛ, каде настапуваше изминатава сезона.
Претходно во својата досегашна кариера Георгиевски, кој потекнува од младинската школа на Работнички, има настапи и за Скопје и Силекс во македонското првенство, како и за унгарска МТК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА