Христијан Кировски, прво пролигашко засилување за Струга Трим Лум

Новиот македонски фудбалски прволигаш Струга Трим Лум почна со реновирање на ростерот за дебитантскиот настап во елитната конкуренција. Искусниот напаѓач Христијан Кировски е првото прволигашко засилување за стружани. Тој доаѓа од тимот на Македонија ЃП, на кого му помогна да избори пласман во Лигата на Европа, а потоа не се договори за продолжување на соработката.

Сепак, брзо реагираше раководството на Струга Трим Лум и го доведе голгетерот во својот тим како искусен адут за дебитантскиот прволигашки предизвик.

Се вчитува...