Христијан Митревски заминува од Охрид

Христијан Митревски е слободен да ја бира следната дестинација откако по сезона и пол помината во Охрид заминува од клубот. Стоперот беше дел од второлигашот од февруари 2022 година со тоа што се наметна како стандарден првотимец.

Митревски потекнува од младинската школа на Вардар, а во професионалната кариера брои настапи за Тетекс, Маџари Солидарност, Локомотива, Осогово, Кадино и Слога Виница.

За потписот на веќе искусниот 26-годишник постои интерес од неколку клубови.

Се вчитува...