Хрвановиќ: Го добивме клучниот меч, сега на победа и против Беса

После победата над Струга ТЛ на домашен терен од 3-1, екипата на Силекс утре има гостување во Гостивар, кај Беса, во рамките од 22. коло во ПМФЛ. Кратовскиот тим ја продолжува битката за титулата во првенството, со првиот триумф во пролетниот дел од сезоната, после нерешеното против Тиквеш и поразот од Шкендија.

Фудбалерот од средниот ред Алдин Хрвановиќ, вели дека е добиен најважниот меч, и сега целиот фокус е ставен кон следните предизвици.

„Ова беше клучен натпревар во сезоната за нас, во борбата за местата кои водат во европските квалификации и повторно се доближивме во игра за титулата.
Знаевме колку ќе ни донесе овој натпревар и сите играчи беа на своето ниво и секој максимално си го одработи својот дел од работата, што многу добро ќе влијае на нашата самодоверба, во понатамошната борба. Постигнав гол на моето деби и асистирав, многу сум среќен поради тоа.“, вели Хрвановиќ и дополнува:
„Утре имаме тешко гостување во Гостивар, играме против квалитетна екипа која е во лоша позиција на табелата и која сигурно ќе го даде својот максимум.
Ќе дадеме се од себе и се надевам дека ќе го продолжиме нашиот позитивен циклус.“, изјави Хрвановиќ.

Се вчитува...