Хрвановиќ замина од Силекс и се врати во БиХ

Играчот од средниот ред Алдин Хрвановиќ си замина од екипата на Силекс, и се врати во БиХ. Тој е првиот фудбалер на кратовскиот тим кој си заминува од екипата во зимскиот преоден рок.

Хрватновиќ во пролетниот дел ќе гоп носи дресот на Радник Бијељина, и со тоа по само една година си замина од Кратово. Во минатото овој фудбалер играше за Слобода Тузла, Ступчаница, Зрињски, Грачаница, Игман Коњиц, Чапљина, Железничар.

Се очекува во следните денови и Милош Николиќ и Миљан Говедарица да си заминат од кратовскиот тим.

Се вчитува...