Басконија е пред официјализирање на ново засилување во името на хрватскиот репрезентативец Лука Шаманиќ кој пристигнува во шпанскиот евролигаш како слободен играч.
Шаманиќ ова лето се врати во Европа од НБА лигата каде настапуваше за Сан Антонио и Јута Џез потпишувајќи договор со Фенербахче, но замина од тимот поради приватни причини уште во месец септември.
Се врати во Хрватска каде играше за репрезентацијата, а и потпиша отворен договор со Цибона, настапи на три натпревари во АБА лигата каде покажа квалитет па сега само формалности го делат од потпис со нов клуб од Евролигата.
Дваесетичетиригодишникот ја покрива позицијата „четири“, беше одбран како 19. пик на драфтот во 2019 година, но не се наметна во НБА лигата. Причина за тоа беше и скршеницата на раката која ја заработи во „дуел“ со Џејмс Харден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА