Поранешниот хрватски кошаркар, Крунослав Симон го анализираше настапот на Србија на неодамнешното Европско првенство во Рига.
Србите рано останаа без капитенот Богдан Богдановиќ, кој беше спречен да им помогне на своите соиграчи поради повреда.
Токму ова Симон го гледа како причина зошто Србија го заврши своето патување веќе во осминафиналето.
„Србија треба да се гледа во светлината на околностите. Имено, со здрав Богдан Богдановиќ, Србија беше прв фаворит. Кога ситуациите се тешки, секогаш мора да имате играч кој е лидер, кој ја има топката во свои раце и кој одлучува. На Србија многу и недостигаше Богдан. Играчите од вториот план не успеаја да влезат во неговите чевли. Тука се изгуби најмногу“, рече Симон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

