Хрват седнува на клупата на Манчестер Јунајтед!?

Актуелниот тренер на Борусија Дортмунд, Нико Ковач е главен кандидат за клупата на Манчестер Јунајтед. Екипата која моментално е предводена од Мајкл Керик, се очекува на крајот на сезоната да има нов менаџер. Во опција се неколку имиња.

Ковач има актуелен договор со „милионерите“ од Дортмунд, но Манчестер е подготвен да плати отштета, и да го назначат за нов менаџер.

Хрватскиот тренер има сериозна кариера. Работеше како тренер на Ајнтрахт, Баерн Минхен, Монако и Волфсбург. Со Баерн Минхен го освои трофејот во Бундеслигата, Купот на Германија и Супер-Купот, а со Ајнтрахт се закити со Купот.

Сепак, навивачите не се оптимисти околу Ковач, туку сметаат дека има многу посериозни имиња кои би можеле да го наследат Рубен Аморим кој доби отказ пред неколку недели.

Се вчитува...