Хрват со скандалозна изјава за ЛОИ во Париз: Останав без медал дека доаѓам од малата Хрватска

Хрватскиот репрезентативец во гимнастика Аурел Беновиќ имаше скандалозна изјава по враќањето во татковината по настапот на Летние олимписки игри во Париз каде се бореше за медал, но не стигна до посакуваниот успех.

Имено, Беновиќ се натпреваруваше во дисциплината прескок, а на крајот заврши на петтата позиција. Во финалето тој доби оценка од 15.000 за првиот скок и само 14.800 за вториот, а неговиот ривал за идентичен скок доби 14.900 и со тоа го освои медалот.

„Жал ми е за медалот, жал ми е што пресуди субјективната оценка на судиите. Не го освоив медалот затоа што седуммина рекоа дека мојот скок не е доволно добар во споредба со скокот на Ерменецот кој го изведе истиот скок како јас. Го гледавме видеото, нема преголеми разлики, но судиите решија дека неговиот прескок е 14.900, а мојот 14.800, просечната оценка ќе беше 14.950 и јас ќе бев трет пред Британецот. Во жирито, имаше Ирец и Австралиец, тие знаат да бидат на нивна страна“, вели Аурел.

„Знам дека субјективното оценување го одредува резултатот. Судиите одредија дека јас не треба да добијам медал затоа што доаѓам од малата Хрватска, туку треба да и го дадат на Ерменија, будејќи Давтјан кој освои бронза од Токио е познато име“.

Златото му припадна на Филипинецот Карлос Едриел Јул (15.116), среброто на Ерменецот Артур Давтјан (14.966), додека трет беше Британецот Хари Хепворт (14.949).

Се вчитува...