Иако пред неколку дена Ерик тен Хаг се издвојуваше како главен кандидат за клупата на Борусија Дортмунд, сепак, се појави едно име кое што го најавуваат германските медиуми.
Станува збор за хрватскиот стручњак Нико Ковач, кој е без работа од минатата година, откако доби отказ од Волфсбург. Во минатото Ковач ги водеше Монако, седеше и на клупата на Баерн Минхен, на Ајнтрахт Франкфурт, беше селектор на Хрватска и на младата селекција на Хрватска.
Покрај Ковач и Тен Хаг, се споменуваат и имињата на Роџер Шмит, Џакомо Тедеско, како и на доскорашниот тренер Един Терзиќ, кој, сепак, има најмали шанси за клупата на „милионерите“.
Сигурно е дека екипата во сабота на мечот со Вердер ќе ја води Мајк Тулберг, а потоа тимот ќе добие нов тренер, пред мечот со Шахтјор во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

