Селекторот на Хрватска, Ивица Туцак ги нарече судиите „полуидиоти“ по поразот од Србија во полуфиналето на Европското првенство во ватерполо.
Актуелните светски шампиони не успеаја да обезбедат финале откако загубија со 7-9 од Србија во полуфиналето на ЕП.
„Што да се зборува за овој спорт кога имате такви полуидиоти. Не кажувам ништо лошо. Не се играше ватерполо, туку некое борење во кое ние не се снајдовме, а се поради судискиот критериум. Ова нема врска со ватерполо“ – рече хрватскиот селектор.
„И честитам на Србија за победата, но овој пат пресуди судискиот критериум. Ние исто така немавме доволно луцидност во одредени моменти“.
Хрватите во битката за бронза на шампионатот ќе се соочат со Италија, додека во финалето Србија игра со домаќинот Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА