Хрватската фудбалска јавност не може да се помири со примениот гол во осмата минута од судиското надополнување на мечот со Италија (1-1).
Хрватите беа на прагот на победа и пласман во нокаут фазата, кога Матија Ѕакани постигна гол во последниот напад за славје на Италијанците и пласман во осминафиналето. Сепак, медиумите во Хрватска тешко го поднесоа сето тоа, а како главен виновник го посочија судијата ДаниМакели.
Порталот Gol.hr објави текст во кој се вели дека Макели е познат по тоа што навива за некои репрезентации.
„Холандскиот судија е познат по скандали, светот го знае по навивање за репрезентации како Србија и Англија“, наведува хрватскиот портал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА