Хрватите без Жижиќ на Евробаскет

Селекторот на Хрватската кошаркарска репрезентација, Дамир Мулаомеровиќ го соопшти списокот од 16 кошаркари на кои ќе смета на Европското првенство.

На него го нема новиот кошаркар на Анадолу Ефес, Анте Жижиќ, но место доби натурализираниот Џејлин Смит.

На списокот уште се најдоа и: Рогиќ, Гнијдиќ, Рамљак, Филиповиќ, Пркачин, Хезоња, Перковиќ, Матковиќ, Дрежњак, Симон, Мавра, Марчинковиќ, Богдановиќ, Зубац и Шариќ.

Хрватска на Евробаскет се наоѓа во групата Ц заедно со Италија, Украина, Велика Британија, Естонија и Грција.

Се вчитува...