Браќата Дујшебаев, Алекс и Даниел би можеле кариерата да ја продолжат во хрватскиот шампион ППД Загреб. Како што дознаваат хрватските медиуми, двајцата шпански репрезентативци добиле понуди од Загреб, но сè уште не е познато дали едниот или двајцата ќе ја прифатат понудата што е на маса.
Алекс Дујшебаев (33) во моментов е дел од полскиот Кјелце, а се шпекулира и негово враќање во Вардар, тим со кој ја освои Лигата на шампионите. Неговиот брат Даниел Дујшебаев (28) игра за истата екипа во Полска. Двајцата имаат ист сет освоени медали со репрезентацијата на Шпанија: четири бронзи (две олимписки – 2020 и 2024, два светски – 2021 и 2023) и две златни од Европските првенства (2018 и 2020).
Алекс Дујшебаеев освои и сребрене медал Европското првенство во 2016 година. Постариот брат Алекс беше избран во најдобриот тим на Светското првенство во 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

