Хрватската кошаркарска репрезентација го објави поширокиот список на повикани кошаркари за престојното Европско првенство кое ќе се одржи од 1. до 18. септември, а за противници во групната фаза ќе ги има Грција, Италија, Украина, Велика Британија и Естонија. За нив селекторот Дамир Мулаомеровиќ ќе може да смета и на услугите на натурализираниот Американец Џејлен Смит.
Со тоа „коцкесиот“ дрес по шест години повторно ќе го облече странец, нешто на што раководство на федерацијата на чело со Стојко Вранковиќ и Дино Раџа се противеше и го нарекуваше „мамење“. Сепак по катастрофалните квалификации за СП 2023 и промените во федерацијата се промени и ставот.
Покрај кошаркарот на Алба Берлин на поширокиот список се најдоа и НБА и евролигашки играчи како Бојан Богдановиќ, Марио Хезонја, Крунослав Симон, Дарио Шариќ, Ивица Зубац, Анте Тони Жижиќ па се очекува Хрватите да бидат во битка за висок пласман.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

