Ракометарите на Хрватска го оправдаа епитетот на фаворити во осминафиналниот дуел со Египет, славеа со 21-19 и се пласираа во четвртфиналето каде ќе ги одмерат силите против селекцијата на Шпанија. „Коцкестите“ фуриозно го започнаа мечот и поведоа со 12-5, а на полувреме заминаа со предност од шест гола (13-7).
На стартот од вториот дел, Египет направи обид да се врати во мечот, со серија од 5-0 намали на 14-12, но потоа Хрватска повторно додаде гас и обезбеди солидна предност за мирно да го заврши овој натпревар.
Златко Хорват беше стрелец на шест гола за Хрватите, а Лука Циндриќ постигна пет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА