Жељко Бабиќ повеќе не е селектор на хрватската ракометна репрезентација, беше решено на денешниот состанок на Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Хрватска. Медиумите и фановите изразија огромно незадоволство од работата на довчерашниот селектор, особено по прокоцканата предност од осум гола при поразот во „малото мундијалско финале“ од Словенија.
Бабиќ по тој неуспех истакна треба да разговара со сопругата пред да донесе одлука за својата иднина, но судбината му беше одредена на денешниот состанок на Управниот Одбор, кој реши да му врачи отказ на екс-тренерот на Брест Мешков.
Заедно со него откази добија и легендите на хрватскиот ракомет, Ивано Балиќ како координатор и Перо Метличиќ како прв асистент во стручниот штаб, откако двајцата му изразија поддршка на Бабиќ при оставката што не беше прифатена по Олимписките Игри во Рио де Жанеиро.
Хрватската јавност продолжува со шпекулациите околу името на новиот селектор, при што најгласно се споменува актуелниот кормилар на македонската репрезентација, Лино Червар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА