Хрватска го визираше својот мундијалски билет откако „коцкестите“ вечерва славеа над Фарските Острови со 3-1. Интересно, гостите први дојдоа до предност во Ријека, но Хрватска израмни преку Гвардиол во првото полувреме, а потоа во вториот дел со головите на Муса и на Влашиќ стигна до печатот на мундијалската виза, со недостижна предност пред Чешка на првото место во групата.
Х0ландија одигра само 1-1 на гостувањето против Полска, па „лалињата“ ќе мораат во последното коло против Литванија дома да го осигураат мундијалскиот билет што им е на дофат. Полјаците, кои први поведоа преку Камински во 44. минута, со ова реми се сигурно втори и имаат бараж во џебот. Бод за Холандија на ова гостување спаси Мемфис Депај.
Многу интересна ќе биде разврската во групата А, каде Германија и Словачка ќе влезат во последното коло со по 12 бода. Во клучниот меч Германците ќе ја пречекаат Словачка на дуел на кој им е доволен и еден бод за мудијалска виза, откако вечерва славеа со 0-2 на гостувањето против Луксембург со два постигнати погодоци во второто полувреме што беа дело на Волтемаде.
Словачка пак славеше со 1-0 над Северна Ирска со голот што во судиското продолжение го постигна Бенеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

