Хрватите ја растурија Белорусија, Дибиров е трагичарот на Русија

Хрватска направи огромен чекор напред кон втората фаза од ЕП 2020 откако селекцијата предводена од Лино Червар лесно и убедливо славеше над Белорусија со резултат . Белорусите влегоа во мечот желни за изненадување по одличната игра и победата над Србија во првото коло, но „коцкестите“ јасно ставија до знаење дека нема да дозволат такво нешто на денешниот дуел во Грац.

Веќе во осмата минута Хрватите поведоа со 5-1 и ја најавија победата, Белорусија намали на 9-8, но избраниците на Червар со фуриозен финиш на полувремето заминаа на одмор со водство од 15-10, со головите на Карачиќ и на Циндриќ во последната минута. Хрватска потоа го отвори вториот дел со серија 5-1, решавајќи ги сите дилеми околу победникот на дваесетина минути до крајот на средбата. Карачиќ со шест гола беше прв стрелец на „коцкестите“, пет постигна Степанчиќ, а четири Дувњак.

Русија предводена од екс-тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров, претрпе минимален пораз од Унгарија (25-26), сериозно намалувајќи си ги шансите за пласман во следната рунда. Тимур Дибиров беше трагичар на рускиот состав, откако крилото на Вардар најпрвин направи пенал што Балог го претвори во гол за 26-25, пред Дибиров да го промаши шутот за израмнување, што заврши во дирекот од голот на Унгарците.

Холандија испиша историја стигнувајќи до својата прва победа на европските шампионати, славејќи над Летонија со преубедливи 32-24.

Се вчитува...