ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Фанатично се навиваше во „Арена“ во Загреб за време на натпреварите од групата Ц, па токму затоа разочарувачки делува атмосферата на вечерашниот дуел меѓу Хрватска и Белорусија.
Иако станува збор за прв натпревар на Хрватска во Загреб на овој шампионат, салата е далеку од исполнета, а и оние навивачи кои купија влезници не создаваат атмосфера што би донела значајна предност на домашен терен. Разочарувачкиот пораз од Шведска сериозно ги намали шансите на Хрватска за полуфинале, но тоа не може да биде оправдување за просечната атмосфера солидна за било која селекција, но не и за домаќинот на овој шампионат.
Хрватите дефинитивно треба да учат од „фалангата“ за бодрење на своите миленици и во добро и во зло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА