Хрватите најавуваат: Адеми го одигра последниот меч за Динамо!

На натпреварот со Горица капитенот на Динамо Загреб Аријан Адеми одигра само дваесетина минути по влегувањето во игра.

Адеми почувствува проблем во ногата во поразот на Динамои не настапи на дербито со Риека на „Максимир“ поради болка во мускулот. Сепак, се покажа дека капитенот на Динамо нема да ги одигра преостанатите натпревари од оваа сезона, освен ако има големи промени или неговата желба за настап не ги надмине здравствените проблеми.

Како што пишуваат германските медиуми, се поставува прашањето „Дали Адеми повеќе ќе игра за Динамо или го одигра последниот натпревар во синиот дрес“.

Адеми има договор со Динамо до летото 2026 година, а наскоро треба да седне на маса со Звонимир Бобан, новиот претседател на УО и да разговара за неговата иднина во клубот.

Се вчитува...