Хрватите најавуваат: Стефан Ристовски и Динамо Загреб се разделуваат

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски по крајот на сезоната се поизвесно заминува од редовите на Динамо Загреб, пренесуваат дел од хрватските медуми.

Како што тврдат Хрватите, Ристовски не ја прифатил новата понуда од клубот за евентуално продолжување на соработката по истекот на договорот во јуни оваа година. Динамо Загреб му понудил на македонскиот фудбалер намалување на годишната плата за една третина од актуелната која изнесува 700.000 евра. Но, наводно, Ристовски, не се согласил да игра во иднина за 450.000 евра годишна плата.

Ристовски веќе не е ниту стандарден првотимец во тимот по доаѓањето на Фабио Канаваро на тренерската позиција, со намалена минутажа, поради што следи и пониската финансиска понуда за евентуално продолжување на соработката.

Се вчитува...