Супердраматични беа вчерашните четвртфинални средби од СП 2025 во кои Хрватска и Франција со голови во последната секунда стигнаа до билет за мундијалско полуфинале.
Французите триумфираа над Египет со голот на Лука Карабатиќ постигнат на 0,3 секунди до крајот, но хрватските медиуми утрово излегоа со информација дека овој погодок не смеел да биде признаен. Имено, во текстот на хрватски „Т-Портал“ Французинот шутнал прецизно, но во моментот кога тој ја упатува топката еден негов соиграч веќе целосно ја има минато линијата од центарот.
Согласно правилата, тоа би требало да значи враќање на акцијата од почеток, или во случајот крај на регуларниот дел од четвртфиналето и играње на продолженија.
Македонците Начевски и Николов беспрекорно го водеа овој натпревар, во финишот гледаа ВАР, но како што тврдат Хрватите – тоа било само да се утврди дека топката на време ја минала гол-линијата, а нашите најдобри арбитри воопшто не го забележале влегувањето во поле на француското крило…
The ultimate heartbreak for Egypt AGAIN
Luka Karabatic wins it with 0.3 seconds left of the clock
The Quarterfinal curse for Egypt continues pic.twitter.com/Wq5e45eEqk
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 28, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА