Хрватите поразени од Шпанија, против Унгарија за полуфинале

Хрватската ватерполо репрезентација загуби од Шпанија со убедливи 8-4 во последното коло од групната фаза на олимпискиот турнир во Токио.

Хрватите не успеаја да парираат на најдобрата селекција во групата, па по овој пораз во четвртфиналето на ЛОИ ќе играат против селекцијата на Унгарија.

Шпанија, пак, во четвртфиналето ќе се соочи со репрезентацијата на САД. Во останатите две четвртфинални двојки – Србија ќе игра со Италија, а Црна Гора против селекцијата на Грција.

Се вчитува...