Дел од фудбалската јавност го критикуваше судијата Даниеле Орсато за одлуката да покаже на белата точка при првиот гол за Аргентина, но долгогодишниот стручен коментатор за судење на Хрватската Телевизија, Матео Беусан, има сосема спротивно мислење.
Според поранешниот хрватски арбитар, не треба да има никаков сомнеж дека Орсато ја донел вистинската одлука.
„Не знам од каде се наоѓаат дилемите… ова беше пенал, 100% пенал. Ајде објаснете ми што прави Ливаковиќ со својата десна нога. Ја става во линијата на движење на аргентинскиот фудбалер. Без разлика што немаше интензитет во неговото движење, тоа е пенал чист како солза. Треба да бидеме среќни што Ливаковиќ не доби црвен картон. Воопшто не е важно дали Алварез можеше да стигне до топката, пенал си е пенал… Впрочем, на ВАР седеше Масимилијано Ирати, кој е најдобар ВАР-судија во светот“, прокоментира Беусан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА