Хрватите се негативни, никој освен Перишиќ не мора да биде во изолација

Ниту еден друг играч на хрватската репрезентација не мора да оди во самоизолација, по позитивниот тест од коронавирус што го доби Иван Перишиќ.

Како што е наведено во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, надлежната епидемиолошка служба оценила дека мерките се почитуваат, така што другите играчи и членовите на стручниот штаб и делегацијата не треба да одат во самоизолација.

„Свесни сме дека вакво нешто може да и се случи на секоја репрезентација и секој поединец. Затоа ги почитуваме сите мерки од првиот ден, а со цел да се спречи можноста за изолација за поголем број играчи. Во контекст на новонастанатата ситуација, медицинската служба прави се за да спречи евентуално ширење на вирусот, како што тоа успешно го сторивме есента кога имавме слични индивидуални случаи за време на Лигата на нации“, рече докторот на националниот тим, Саша Јанковиќ.

Хрватската репрезентација денес полета од Пула за Копенхаген, каде ги чека натпревар со Шпанија во осминафиналето на Европското првенство во понеделник во 18.00 часот.

Се вчитува...