УЕФА во текот на денешниот ден би требало да ја обелодени пресудата по истрагата против Хрватските Федерации на Албанија и на Хрватска, поради навредите што навивачите на овие две селекции ги испраќаа за време на меѓусебниот дуел.
Во второто полувреме од трибините се ореше „Убиј го Србинот“ за што очекувано следеше бурна реакција од нашиот северен сосед, но Хрватите повторно се одградија од големиот инцидент тврдејќи дека нивните навивачи не ги навредувале соседите.
Јурица Јурјевиќ, претставникот на Фудбалската Федерација на Хрватска за превенција и осигурување во изјава за „Спортске Новости“ го повтори ставот на федерацијата дека навредите кон Србите биле упатувани исклучиво од албанските навивачи.
„Сметам дека сме објективни кога велиме дека тоа за што се крена голема прашина, не беше слушнато од трибините каде се нашите навивачи. Свесни сме колку е тоа тешка работа, од политички и секој друг аспект. Точно е, се има случувано во минатото и ние сме ја прифаќале одговорноста. Сепак, тоа сега не е случај и нема да допуштиме никому да ја вмеша Хрватска во таа приказна, да ни се забележи нешто што не сме го сториле“, изјави Јурјевиќ.
УЕФА два дена води интензивна истрага на оваа тема, па се очекува европската куќа на фудбалот до крајот на денот и официјално да излезе со соопштение со епилогот за истата и евентуалните санкции кон двете национални федерации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА