Пренос во живо од реванш-натпреварот меѓу Шкупи и Динамо Загреб од арената „Тодор Проески“ во Скопје, од 2. квалификациско коло во ЛШ, ќе има на ХТВ2 за хрватската јавност и на албанската спортска телевизија СуперСпорт.
Хрватските медиуми пренесуваат дека во последен момент Хрватската телевизија по денешните макотрпни преговори успеала да обезбеди пренос на ХТВ 2, а сето тоа е и поради тоа што тешко може да се организираат пристојни преговори за пренос затоа што Македонците и македонските телевизии не ги интересира Шкупи.
„Зошто? Затоа што македонскиот шампион Шкупи, Македонците и нивните телевизиски куќи едноставно – не ги интересира!“ – пишува „Спортске новисти“, и дополнува:
„Шкупи е по вокација албански клуб од Скопје. Нивните натпревари се работат главно на албанските канали, освен ако не се тоа некои натпревари од македонската фудбалска лига кои се пренесуваат со договор со Спортклуб. Првиот натпревар од 1. квалификациско коло со Линколн беше пренесуван на ТВ Суперспорт, а сега истиот канал ќе го пренесува и натпреварот со Динамо Загреб, па затоа платформата за пренос и за хрватските гледачи на ХТВ треба да се договори со албанскиот канал. И на крај договор ќе има… Обврската за да има ТВ-преност на себе го презеде хрватската телевизија“.
Затоа што во Хрватска се смета голем срам ако националната телевизија не се избори за пренос на својот шампион. Во Македонија шампионот не се доживува така.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА