Репрезентацијата на Хрватска која е еден од противниците на Македонија на претстојното СП во Германија и Данска, од денеска во Пореч ја почнува втората фаза од подготовките пред Мундијалот.
Во оваа фаза од подготовките Лино Червар на располагање ќе има 19 репрезетативци од кои потоа ќе го селектира составот за СП. Пред настапот на Мундијалот, Хрватите ќе имаат три контролни натпревари пријателскиот турнир Кроација Куп во Пореч. Хрватска ќе одигра два натпревари со репрезентацијата на Црна Гора (4. и 5. јануари) и еден со Италија (6. јануари).
Во првиот натпревар на СП, во групата Б во Минхен, Хрватска ќе игра против селекцијата на Исланд. Дуелот меѓу Македонија и Хрватска е на 14. јануари.
За втората фаза од подготовките Червар го одбра овој состав: Мартин Шего (ПИК Сегед), Иван Стевановиќ (Шафхаузен), Филип Ивиќ (Кјелце), Јосип Божиќ Павлетиќ (ППД Загреб), Иван Вида (Нексе), Мануел Штрлек (Веспрем), Давид Мандиќ (ППД Загреб), Леон Шушња (ППД Загреб), Марин Шипиќ (Нексе), Кристијан Беќири (Целје), Лука Циндриќ (Кјелце), Игор Карачиќ (Вардар), Халил Јагањац (Нексе), Дамир Бичаниќ (ППД Загреб), Ален Блажевиќ (ПИК Сегед), Лука Степанчиќ (ПСЖ), Јаков Вранковиќ (Татабања), Јосип Векиќ (ППД Загреб) и Иван Сршен (ППД Загреб).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА