Хрватските медиуми жестоко удрија по фудбалерите на Динамо Загреб и шефот на стручниот штаб Анте Чачиќ по синоќешното реми (2-2) со македонскиот шампион Шкупи во првиот натпревар од 2. квалификациско коло за ЛШ.
Хрватите ја нагласуваат лошата игра на „модрите“ кои апсолутно не заслужија победа, и покрај тоа што, како што велат, примија два евтини погодоци.
„Чачиќ, доста е заебанција со Оршиќ на клупа! Се сонува ЛШ, а се мачите со Шкупи“ – е насловот на „24 часа“ кој ги критикува одлуките на Чачиќ околу изборот на стартниот состав.

„Бламажа на Динамо Загреб… Шок на ‘Максимир’… Скапи подарени голови на „модрите“ за гостите“ – се дел од насловите во останатите хрватски медиуми, кои потенцираат во своите текстови дека „еден онаков Шкупи мора да се победи и мора да се елиминира“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

