Хрватска претрпе тежок пораз од 3-0 од Шпанија на отворањето на Европското првенство. На момците на Златко Далиќ им пресуди катастрофалното прво полувреме во кое Шпанците постигнаа три гола и на тој начин обезбедија победа. Стрелци беа Алваро Мората, Фабијан Руиз и Дани Карвахал.
Требаше само еден слаб натпревар за хрватските медиуми веќе да удрат по најдобриот фубалер од оваа земја на сите времиња, Лука Модриќ.
„Еден од најслабите поединци на натпреварот беше Лука Модриќ, капитенот на хрватската репрезентација. Неколку пати испаѓаше во дуелите со Шпанците, а при вториот гол беше и еден од виновниците што голот беше постигнат. По третиот гол, Модриќ изгледаше како никогаш досега во дресот на Хрватска. Беше видно нервозен, често им мавташе на судиите, им приговараше на соиграчите на кои знаеше да им се развика и често се фаќаше за глава по неговите грешки, но и по грешките на соиграчите. Тој ја напушти играта во 65. минута, што исто така не е често, обично Модриќ е еден од оние кои ги игра сите минути под водство на Златко Далиќ“, пишуваат хрватските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА