Хрватите велат дека убиецот на навивачот е Грк, Грците сметаат дека е Хрват

Грчките медиуми го објавија со име и со презиме главниот осомничен за убиството на 29-годишниот навивач на АЕК, по синоќешните нереди во Атина, во местото „Неа Филаделфија“. Станува збор за 19-годишниот Домагој Пезер, кој се сомничи дека му ги нанел смртоносните повреди на Михалис Кацурис.

Навивачот наводно бил уапсен на грчко-албанската граница „Какавија“, во обид да влезе во Албанија, и од таму преку Црна Гора да се упати кон Хрватска.

Според хрватските медиуми, на телото на убиениот биле идентификувани отисоци од прсти, и според неофицијални информации, станувало збор за грчки државјанин.

Полицијата уапси 98 лица, од кои дел од нив се пуштени поради немање на докази и упатени кон Хрватска, додека добар дел од нив ќе бидат изнесени пред истражен судија, а можно е притвор за одредени навивачи.

Се вчитува...