Златко Далиќ ќе остане на чело на хрватската репрезентација најмалку до крајот на оваа календарска година откако кормиларот на „коцкестите“ ја доби довербата на членовите на Извршниот Одбор на Хрватскиот Фудбалски Сојуз.
Дел од јавноста бараше Далиќ да добие отказ по катастрофалните игри и поразите во квалификациите од Турција и од Велс. Сепак, Извршниот Одбор го прифати селекторскиот извештај во кој Далиќ како главна причина за неуспехот ги потенцираше повредите на дел од клучните фудбалери. Така, едногласно беше изгласана доверба за Далиќ, но и испратена јасна порака до селекторот дека од него се очекува да ја одведе Хрватска на ЕВРО 2024.
„Коцкестите“ моментно се трети во групите и мораат даслават над Летонија и над Ерменија во последните две кола, но и да се надеваат на најмалку еден „кикс“ на Велс,кој во последните две руни најпрвин гостува во Ерменија, а потоа во Кардиф ја пречекува Турција, која веќе е квалификувана за европскиот шампионат.
Доколку се случи Хрватска да остане на третото место, „коцкестите“ сепак би имале уште една шанса за пласман на ЕП 2024, преку Лигата на Нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА