Хрватите во шок: Еден од најголемите таленти се одлучи да игра за Канада

Играчот на Хајдук, 20-годишниот Нико Кристан Сигур, се одлучил во иднина да настапува за репрезентацијата на Канада. Еден од најголемите фудбалски таленти во Хрватска ги шокираше сите во хрватскиот фудбал со оваа одлука.

Тој настапуваше за младата репрезентација на Хрватска на ЕП во Романија, но во иднина се одлучи да настапува за земјата во која е роден и во која го минал целото детство.

„Ми беше чест да ја претставувам Хрватска, која е фудбалска велесила и која е татковина на моето семејство, но со текот на времето почувствував дека сакам да ја претставувам земјата во која пораснав и ја започнав мојата фудбалска кариера, Канада. Го ценам разбирањето на оваа одлука од страна на ХНС и им благодарам на тренерите и соиграчите во репрезентацијата за убавото време што го поминав како млад хрватски репрезентативец. Секогаш ќе бидам голем фан на Хрватска, и посакувам многу среќа и успех“, изјави Нико Кристијан Сигур.

Се вчитува...