Ракометарите на Хрватска со победа го почнаа олимпискиот квалификациски турнир во Хановер, триумфирајќи со 35-29 против Австрија.
Хрватите сосема заслужено дојдоа до победата, со одлично одиграно второ полувреме, и покрај тоа што првиот дел заврши без предност за екипите, 16-16.
На клупата на Хрватска дебитираше Дагур Сигурдсон од кого сите во Хрватска очекуваат да ги однесе на ЛОИ 2024 во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА