Ракометната репрезентација на Хрватска одигра квалитетен меч и ја совлада Франција со 23-20, обезбедувајќи пласман во квалификациите за ЛОИ 2020 во Токио. Со ова изборија шанса да се борат за петтото место на Светското првенство. „Триколорите“ и пред овој меч имаа обезбедено пласман во полуфиналето на Мундијалот.
Првото полувреме беше тотално израмнето (11-11), но во вториот дел помотивираните хрватски ракометари стигнаа до заслужен триумф. Златко Хорват со седум гола беше најефикасен во составот на Лино Червар, а Мелвин Ричардсон постигна пет во дресот на Франција.
Норвешка убедливо победи против Унгарија со 35-26, но и понатаму зависи од исходот на вечерашниот дуел меѓу Данска и Шведска, кога е во прашање пласманот во полуфиналето на Мундијалот. Јоендал и Абелвик со по седум гола беа најефикасни во норвешкиот национален тим на оваа средба, а Балог постигна осум кај Унгарците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА