Во понеделник стартува најстариот и најпрестижен тениски турнир во светот. Традиционално тенисерите и тенисерките секогаш пред да дефилираат во спортската опрема, приредуваат шоу во луксузниот лондонски „Кенсигнтон Гарденс“…
А, шоуто во Лондон, го украде хрватската тенисерка Дона Векиќ која пристигна со 11 години постарото свое момче, третиот светски тенисер Станислас Вавринка…
Швајцарецот се разведе со сопругата Илхам со која беше во брак шест години и со која има шестгодишна ќерка Алексија, па сега се гледа со 21-годишната Хрватка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА