Хрватот Будимир го „скроти“ Реал Мадрид, голем бод за Осасуна

Натпреварот го отвори Килијан Мбапе кој постигна гол во 15. минута од средбата, но Реал Мадрид остана со играч помалку во 39. минута кога судијата му додели директен црвен картон на Џуд Белингем поради приговор.

Предноста од фудбалер на теренот беше искористена во 58. минута кога Хрватот Анте Будимир реализираше од белата точка за конечните 1-1.

Со ова реми Реал Мадрид останува на првата позиција на табелата, но со само два бода предност пред Атлетико Мадрид кој има и натпревар помалку. Осасуна пак со овој бод се искачи на седмата позиција со 32 освоени бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...