Хрватот Еди Баша е најновото засилување на Борец

Хрватскиот интернационалец Еди Баша е најновото засилување на Борец за пролетниот дел од сезоната.

Баша е крилен напаѓач настапувајќи претходно во клубови во елитните првенства во Хрватска,Словенија и БиХ.

Како што информираат од велешкиот прволигаш во тек се преговори за ангажман на уште еден странец кој би требало да го засили средниот ред и со уште двајца македонски фудбалери и голман.

Претходно клубот веќе ги договори Алехандер Борха и Лука Трајкоски.

Борец утре ги стартува зимските подготовки за продолжението од шампионатот.

Се вчитува...