Хрватот Јакиќ од Ајнтрахт Франкфурт „ја загуби главата“: Го нападна судијата, па потоа и цела резервна клупа на ПАОК… (ВИДЕО)

Хрватскиот фудбалер Кристијан Јакиќ се соочува со подолга суспензија од фудбалските терени откако синоќа на натпреварот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и ПАОК во Конференциската лига на УЕФА го нападна полскиот судија Дамијан Силвестржак.

26-годишниот фудбалер за врска потполно ги загуби нервите во судиското дополнение кога за само две минути доби два жолти картони. Па, откако го виде црвениот картон целосно „ја загуби главата“ па буквално го нападна полскиот судија.

Без многу размислување тргна во судир со судијата, но беше спречен и од своите соиграчи кои успеаја да го одвојат од судијата.

Јакиќ потоа со трчање се упати кон соблекувалните, но и таму успеа да предизвика инцидент. Тргна во судир со противничката клупа при што паднаа доста тешки зборови.

Поради ваквиот однос Хрватот сигурно ќе добие жестока казна од УЕФА.

Се вчитува...